Го нападнале 28-годишен скопјанец и му го демолирале автомобилот

Го нападнале 28-годишен скопјанец и му го демолирале автомобилот

Ноќеска половина час по полноќ на паркинг на улица „Роберт Кох“ додека К. Ш. (28) од Скопје паркирал патничко возило „Голф“ во кое била и Е.Ш. (27) од Скопје, четири непознати лица почнале со безбол палки да го кршат возилото, а кога К.Ш. излегол од возилото, бил физички нападнат од лицата.

На Е.Ш., поради вознемиреност, и е укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави