Камбовски: Организирање бојкот за референдум е казниво со закон
„Никој не смее да ги организира граѓаните да не се изјаснат. Политичките партии треба да се тргнат од таа работа. Не е ни етички ни морално да агитирате, да делите материјали, да одржувате собири или протести со цел да ги убедувате граѓаните да го бојкотираат изјаснувањето „за“ или „против“ референдумското прашање. Референдумското прашање е изгласано и референдумот е закажан со одлука на Собранието. Таа одлука е законита и мора да се спроведе“, вели академик Владо Камбовски во изјава за порталот „Сакам да кажам“.
За организирање отпор кон законита одлука, според Кривичниот законик, може да се добие затворска казна и до три години, а доколку дојде до проблеми или тешкотии за спроведувањето на таа одлука, пропишана е казна и до 5 години затвор за евентуална таква последица, пишува порталот.