Пет причини поради кои треба да прекинете да пиете кафе

Многу луѓе не можат да го замислат животот без кафе, посебно без утринско. Меѓутоа, прекумерното пиење на кафе, посебно ако често пиете и газирани или енергетски пијалаци кои содржат кофеин, може да доведе до „предозирање“ и зависнсот.

Во продолжение прочитајте за неколку причини поради кои треба да прекинете да пиете кафе:

1. Главоболка

Истражувањата покажуваат дека повеќе од 50 отсто од луѓето кои редовно пијат кафе, имаат умерени до силни главоболки, доколку само еден ден пропуштат да се напијат кафе.

2. Срцето ви чука премногу брзо

Ако срцето ви чука невообичаено брзо откако сте се напиле кафе, постои голема веројатност главен виновник за тоа да е токму кофеинот. Некои луѓе се чувствителни и на мала количина кофеин.

3. Не се чувствувате смирено

Можеби ова го предизвикало токму утринското кафе. Некои луѓе се многу чувствителни на кофеин па чувствуваат немир, раздразливост и анксиозност дури после една чашка кафе со кофеин. На некои дури им смета и кафето кое не содржи кофеин.

 

4. Постојано сте мрзеливи

Се ве нервира ако не сте се напиле утринско кафе, кафето едноставно ви е стимуланс кој ви дава енергија „и подобро чувство“. Доколку се препознавте во ова, тогаш вие всушност сте зависни. Некои луѓе сакаат преку кофеинот да го намалат апетитот, но пиењето премногу кафе всушност има спротивен ефект. Кофеинот ја зголемува работата на хормоните, кои го поттикнуваат чувството на глад.

5. Не можете да заспиете

Ова е причина поради која луѓето пијат кафе додека се уморни. Кофеинот го крева нивото на адреналин, па можете да се чувствувате енергични и будни. Тоа помага во понеделник наутро, кога ни е потребна дополнителна енергија. Но, во текот на денот, ако консумирате кофеин неколку часа пред спиење, тоа го попречува биолошкиот часовник. Навечер нема добро да заспиете, па ќе се разбудите уморни.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави