Прегазен рабоник на каменолом, загинал на лице место
Денеска во 08:55 часот во Полициска станица Струга пријавено е дека во каменоломот лоциран во место викано „Лабунишки ливади“ З.В.(36) управувајќи товарно моторно возило непозната марка, при враќање наназад, го прегазил С.А.(41) од село Долно Татеши, струшко. Повредениот починал на местото на настанот. Увидот е во тек.