Секој петти телефон е лажен: Дали знаете како да препознаете лажен телефон
Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост објави најново истражување според кое бројот на лажните уреди е во значителен раст.
Според извештајот од 2016 година, низ земјите-членки на ЕУ минале вкупно 41,3 милиони копии на уреди во вредност од 670 милиони евра, од што вкупно 1.059.855 отпаѓаат на мобилни уреди, вклучувајќи ги и нивните делови.
Овој тренд не ја зафатил само ЕУ, туку и целиот свет, што покажуваат и податоците на Организацијата за економска соработка и развој, според кои во 2017 година секој петти мобилен телефон во светот е лажен.
За да знаете дали купувате оригинален или лажен телефон, морате да имате соколово око бидејќи на прв поглед двата телефона изгледаат исто.
Деталниот преглед на урeдот, како и проверката на неговиот IMEI број откриваат кој уред е оригинал, а кој копија.
Можете да ја погледнете и страницата „Spot a Fake Phone“, а наједноставен начин да бидете сигурни дека сте купиле оригинал е да купувате кај овластен застапник и да инсистирате да добиете гарантен лист.