Снема струја среде судењето за „Титаник 2″
На судењето за случајот „Титаник 2“ на СЈО, непосредно по сведочањето на Виолета Дума како поранешен член на ДИК, снема струја. Судењето во Основниот суд Скопје 1 се прекина.
Како што јавува СДК.МК. во судницата сите ги вклучија мобилните телефони, бидејќи нема прозорци и е црна темница.
По пауза од 10 – на минути, дојде струја во судот и судењето се очекува наскоро да продолжи.