Сообраќајка на патот Скопје-Велес, двајца скопјани итно во болница
Во 20,10 часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје – Велес, улица “205” и улица “206” случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фиат Пунто” со скопски регистарски ознаки управувано од 33-годишниот М.Ј. од Скопје и патничко моторно возило “Голф” исто така со скопски ознаки управувано од 44-годишниот Р.А. од Скопје.
М.Ј. со возило од брза помош е пренесен во Градска општа болница “8-ми Септември”, каде од страна доктор му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот е препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.
На сопатникот од возилото “Голф” му е укажана лекарска помош во Градска општа болница “8-ми Септември” каде му се констатирани телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.