Тројно убиство во Дебар – убиени татко, мајка и нивната ќерка

Непознат сторител извршил тројно убиство во Дебар. Според информациите од Обвинителството во Гостивар жртвите се мајка, татко и ќерка на возраст од околу 13 години. Не е познато кога е извршено убиството, ниту, пак, со што е извршено.

„Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид во приватна куќа во Дебар каде што се пронајдени безживотни тела на три лица. Според првичните сознанија, станува збор за тројно убиство, а жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од околу 13 години, кои времено живееле во Италија. Сторителот засега е непознат“, велат од Обвинителството.

Од таму додаваат дека јавен обвинител е на терен и работи на откривање на сторителот и на утврдување на мотивите. Во таа насока, издадени се серија наредби за прибирање траги од лице место, вештачења и претреси.

Треба да знаете
Последни објави