Oбвинетите за крвавиот четврток не се чувствуваат виновни

На денешното рочиште за насилниот упад во Собранието, кој се случи на 27 април минатата година, каде сериозно беа повредени пратеници од тогашната опозиција, сите 31 обвинет на чиј терет се става делото терористичко загрозување на уставниот поредок, се изјаснија за невини.

Меѓу обвинетите се поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, како и организаторите на протестите Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски.

Следното рочиште, судијката Добрила Кацарска, го закажа за 31 август со што ќе започне доказната постапка, каде како први сведоци ќе се појават актуелниот министер Дамјан Манчевски и пратениците Фросина Ташевска-Ременски и Павле Богоески.

Судијката Кацарска за месеците декември и јануари закажа вкупно 28 рочишта за овој случај.

Треба да знаете
Последни објави