Реал Мадрид без никакви проблеми ја оствари втората победа и успеа да го сочува перфектниот учинок на почетокот на новата сезона во шпанската Примера. Избраниците на Лопетеги се прошетаа низ Каталонија и го совладаа составот на Џирона со убедливи 4-1.
Но, она што најмногу се приметува и загрижува е резервираното место за најдобриот фудбалер на Мундијалот во Русија, Лука Модриќ. Иако, се зборува дека потребно му е одмор на Хрватот по завршувањето на Мундијалот, сепак, тие изговори не се прифаќаат поради што и останатите фудбалери кои имаа главна улога на Светското првенство, играат и го имаат главниот збор во победите во своите клубови.
Но, очигледно станува збор за одлично смислено сценарио од страна на претседателот на клубот, Флорентино Перез кој преку тренерот на ,,кралевите” Хулен Лопетеги, му праќа јасна порака дека нема играње со него. Оваа казна од Перез се случува по тивкото преговарање на Модриќ со Интер.
Инаку, по Хетафе и Атлетико Мадрид, натпреварот против Џирона беше трет по ред, Модриќ да не биде во првите единаесет на Хулен Лопетеги.