Боливијка со 118 години – најстара жена во светот
Хулија Флорес Колке од Боливија веројатно е најстарата жена во светот. Во октомври таа ќе наполни 118 години, но во Гинисовата книга на рекорди тоа не е официјално бидејќи не е поднесено барање да се запише како најстара жена. Таа воопшто не ни слушнала дека постои таква книга.
Родена е во 1900 година и на 26 октомври ќе го прослави 118 роденден. Потекнува од рударско село во планините на Боливија. Пее на мајчиниот јазик и игра чаранго.
Во текот на нејзиниот долг живот била сведок на две светски војни, револуции во родната Боливија и трансформација на нејзиното рурално место Сакаба од 3.000 жители во град од 175.000 во текот на пет децении.
Претходно, најстарата личност на светот беше Јапонката Наби Таџима, родена на 4 август 1900 година.