Ѓоковиќ мина три часа на теренот, но успеа да го совлада Унгарецот Фучович
Новак Ѓоковиќ мина три часа на теренот, но успеа да го совлада првиот противник на Ју-Ес Опен, Унгарецот Мартoн Фучович со 3:1 во сетови.
Србинот како голем фаворит отвори со прв сет кој го доби со 6:3, но противникот врати со иста мера, најавувајќи дека нема лесно да се предаде. Фучович прв направи брејк и во третиот сет, но во неговата завршница Ѓоковиќ возврати со два брејка за 6:4, по што само го круниса овој сет со четвртиот во кој не загуби ниту еден гејм и се пласираше во второто коло.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе му биде Американецот Тенис Сандгрен кој пак го совлада сонародникот на Новак, Виктор Троицки со 3:0 во сетови.