Љата: Трагичен настан каков што не се случил во изминатиот век во Дебар
Тројното убиство што се случи во Дебар, во кој смрттно се застрелани тројца членови од семејството Поцеста, маж, неговата сопруга и малолетна ќерка, ја вознемири целата дебарска јавност, која е во шок и неверување.
Дебарскиот градоначалник, Ружди Љата за МИА, видно вознемирен изјави дека ваков трагичен настан не се случил во последниот век.
– Најпрво изразувам длабоко и искрено сочувство со најбилските на убиените. Навистина е жално, за што нема никакво оправдување. Ваква трагедија во нашиот град не се случил во изминатиот еден век, кусо изјави Љата.
Инаку, според портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Стефан Димоски, убиството се случило во семејната куќа на убиените.
– Трагичниот настан се случил околу три часот по полноќ на 26 август. Трикратниот убиец, со пиштол најпрво, во спалната соба ги застрелал сопружниците А.П.(54) неговата сопруга Н.П. (54), а потоа и нивната четиринаесет годишна ќерка. По наредна на јавен обвинител од Гостивар, под чија надлежност е делото, телата се дадени на обдукција, изјави Димоски.
Според него истрагата треба да ги утвди мотивите.
Според сознанија на граѓани на Дебар, пак, убиец е нивен роднина, зет за сестра на убиениот А.П., а причина била банална, расправија околу пат за проаѓање меѓу нивните две куќи.
Семејството на настраданиот, кое има уште две возрасни деца, живеело во Италија, а во Дебар било дојдено за летниот одмор. Возрасните деца пред некој ден си заминале за Италија, каде работеле, а настарданите останале поради веселба кај нивни блиски роднини, кои, неофицијално и ја известиле полицијата.
Откако не се јавувале на телефонските повици роднините, синоќа, нешто пред 21 часот, влегле во куќата по што ја известиле полицијата.