28 август Честит Ден на рударите во Република Македонија! Среќно!
Злетовските рудари го одбележаа Денот на рударите и нивната заштитничка Голема Богородица со низа на културно-уметнички манифестации во организација на општината, пренесува МИА.
Во рамки на одбележувањето на Денот на рударите синоќа се одржа свечената седница на Советот на општина Пробиштип на која присуствува и министрите за внатрешни работи и за здравство, Оливер Спасовски и Венко Филипче.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов додели награди на вкупно шест институции и личности кои дале голем придонес за општината. Во име на наградените се заблагодари Коста Балабанов, кој со своето лобирање ја донесе и една од најголемите инвестиции во општината, а тоа е Хидросистемот „Злетовица“, кој со вода за пиење треба да снабдува вкупно шест општини, а во моментов на него се приклучени само Пробиштип и Свети Николе.
Во општина Пробиштип во моментов работат рудниците „Злетово“ и „Стрмош’, кој оваа година е продаден на странски инвеститор.
Пред 4 дена во рудниот ,,Тораница“ загина рудар
,,На 23.08.2018 година околу 21.25 часот во рудник „Болмак“ во Крива Паланка, Ј.П.(55) од с.Мождивњак, кривопаланечко, при работа паднал во јама и се здобил со повреди. На пат кон Здравствен дом Крива Паланка Ј.П. починал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“-бележи билтенот на МВР…
,,Голема Богородица“ се смета за заштитничка на рударите.