Златна скулптура на турскиот претседател Ердоган одстранета во Визбаден

Златна скулптура на турскиот претседател Ердоган одстранета во Визбаден

Властите во германскиот град Визбаден ја отстранија златната скулптура на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која беше поставена на фестивал за уметност чие мото е „Лоши вести“.

Агенцијата ДПА јави дека 4-метарската скулптура на која е прикажан Ердоган со дигната десна рака, која потсетува на познатата статуа на Садам Хусеин, која беше урната од американските сили во Ирак, била отстранета по полноќ во центарот на градот.

Откако беше поставена во понеделникот, властите рекоа дека скулптурата станала магнет за говори за и против Ердоган и дека предизвикала конфликти.

Директорот на Државниот театар во Визбаден, Уве Ерик Лауфенберг рече дека целта на инсталацијата била токму дебатата.

„Ја поставивме скулптурата токму за да разговараме за Ердоган. Во демократијата, мора да се почитуваат сите мислења“, рече Лауфенберг.

Треба да знаете
Последни објави