Јанева: ВМРО-ДПМНЕ зборувале се и сешто на телефон – Во СДСМ се пазеле
ВМРО-ДПМНЕ најкомотно ги воделе телефонските разговори во периодот од 2008 до 2015 година додека траело незаконското прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање, нагласи денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Обвинителката Јанева додаде дека од нејзините слушања на разговорите кои се дел од доказите во предметите на СЈО утврдила дека тогашната владејачка партија ги водела телефонските разговори на сите теми, додека тогашните опозиционери имале сомневање дека ги прислушуваат и биле претпазливи.
Јанева нагласи дека нејзиниот тим направил анализа и утврдил дека во тој дел сите предмети се добро покриени и дека нема опасност делата да застарат.