9-годишниот Џемел Мајлс од Денвер извршил самоубиство бидејќи во училиште го злоставувале затоа што признал дека е геј, тврди неговата мајка.
Невиното дете преку летниот распуст на својата мајка и ја признало хомосексуалната ориентација.
“Изгледаше многу исплашено кога ми го кажа тоа. Ми кажа: Мамо, јас сум геј”. Мислев дека си игра, бевме во автомобилот и го погледнав и беше целиот згрчен и исплашен. Му одговорив: “И натаму те сакам””, изјавила Леја Пирс.
Џемел минатиот понеделник тргнал во четврто одделение и сакал на своите врсници да им го каже тоа што и го кажал на својата мајка. Се надевал дека и од нив ќе има поддршка.
“Планирал на луѓето да им каже дека е геј, бидејќи се гордее со себе”, рекла Леја.
За жал, од своите пријатели наместо разбирање, доживеал злоставување. Неговата мајка мисли дека тоа довело до самоубиство.
Леја го пронашла безживотното тело на својот син во нивната куќа на 23. август.
“Потребни беа само 4 дена во училиште. Можам да замислам што му зборувале. Мојот син на најстарата сестра и рекол дека децата во училиште му порачале да се убие. Тажна сум што не ми се обрати на мене”, истакнува Леја.
Детето минувало низ тежок период. Доживувало злоставување од страна на врсниците, а покрај тоа и сам се прилагодувал на новооткриената феминизираност.
“Ми кажа неодамна: “Знам дека ми купуваш работи за момчиња бидејќи сум момче, но јас сакам да се облекувам како девојче””, навела неговата мајка.
“Комбинација на дете кое е веќе под стрес и фактот што им се отворил на своите врсници била токсична. Бил горд на себе, па можеби очекувал дека и другите деца ќе ја споделат неговата возбуда. Но, повеќето 9-годишници не знаат ништо за сексуалноста и не ја разбираат. За жал, се надевал на нешто што од нив не можел да го добие”, рекла Барбара Гринберг, специјализирана за семејни проблеми и проблеми кај младите.
Гринберг истакнала дека родителите треба да разговараат со своите деца за последиците од откривањето на својата ранливост на своите врсници.
“Треба да се воведе одговорност за злоставување. Бидејќи детето знае што е лошо, не сака да го злоставуваат”, истакнала Леја.
Таа исто така смета дека родителите треба да бидат одговорни ако нивното дете злоставува друго.
“Очигледно е дека родителите ги учат своите деца да бидат такви, или така ги третираат”, заклучила Леја.