Во вечерните часови на вчерашниот ден на скопската улица „Христо Татарчев“ се случила сообраќајна незгода во која 51-годишен Британец со место на живеење во Бугарија, управувајќи автомобил „мицибуши“ со бугарска национална ознака, удрил во 39-годишенен велосипедист од Скопје.
По незгодата, велосипедистот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Полицијата извршила увид на местото на настанот.