Легендарниот поранешен бразилски напаѓач, Луис Назарио Де Лима Роналдо во следниот период ќе инвестира 26 милиони фунти во Реал Ваљадолид.
Роналдо со оваа инвестиција ќе стане мнозински акционер на клубот и веднаш ќе биде назначен за претседател на Ваљадолид.
Првиот трансфер на клубот ќе биде младиот и талентиран фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.
Целата зделка треба да биде комплетирана во следните 24 часа, а Роналдо верува дека од „Кралскиот клуб“ ќе му го отстапат на една сезона 18 годишниот фудбалер кој пристигна од Фламенго ова лето.