Му го удрил возилото, го претепал, па го нападнал со секира
Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Д.Е.(32) од Штип, за сторено кривично дело „насилство“.
На 15-ти август околу 23:55 часот во Штип на улица „Сутјеска“ по вербална расправија во врска со паркирање на возило, пријавениот почнал да удира по стаклото од возилото на М.Д.(21) од Штип по што физички го нападнал нанесувајќи му телесни повреди.
При тоа, откако М.Д. побарал помош од присутните граѓани, пријавениот со рачка од секира замавнал кон него, но оштетениот успеал да ги избегне ударите.