Иван Ракитиќ воодушеви со своите настапи на Светското првенство во Русија, а зад себе има и одлична сезона во Шпанија.
Поради одличните настапи за репрезентацијата на Хрватска и Барселона, Ракитиќ го привлече вниманието на ПСЖ, чии што челници наводно биле подготвени да ја активираат неговата откупна клаузула и да го доведат на „Паркот на принцовите“.
Сепак, се чини дека единствената желба на Иван Ракитиќ е да продолжи да го носи дресот на Барселона.
„Горд сум што можам да продолжам во Барселона. Не постои тим на светот кој што може да даде повеќе од Барселона. Не станува збор за пари. Го послушав срцето и мојата сопруга, а исто така и Валверде ми помогна да ја донесам одлуката“, изјави Иван Ракитиќ и додаде дека не би било лошо да заработува поголема плата.
„Искрено, тоа не би било лошо. Се надевам дека претседателот наскоро ќе ми се јави“, изјави Иван Ракитиќ.