Покрај јадењето здрава храна, мора да знаете и како да ги темпирате оброците во текот на денот за тие да не го поттикнат дебелеењето. Ново истражување тврди дека времето кога ги консумирате оброците влијае на телото на различен начин.
За разлика од останатите истражувања кои ги обврзуваа испитаниците да се придржуваат до одредена исхрана, во ова истражување тие можеа да јадат сѐ што сакаат, но мораа да внимаваат на времето во кое ги јадат оброците.
Научниците кои работа на истражувањето ги поделија испитаниците во две групи: една група чии членови ќе ги јадат оброците како што ги јадат вообичаено, и друга група чии членови ќе доручкуват 90 минути порано и ќе вечераат 90 минути подоцна. Секој од испитаниците имаше за задача да забележува што јадел, да даде примерок од крвта и да пополни прашалник.
Резултатите покажаа дека членовите на групата која ги јадеше оброците во претходно определено време изгубија скоро двојно повеќе калории отколку оние од другата група. Прашалниците открија дека 57% од испитаниците по неколку дена почнале да консумираат помали количества храна, најмногу поради заситеност, но и поради ограниченото време во кое ги јадеа оброците.
Губењето на телесната тежина може да биде предизвикано од самото тело, кое кога ќе ја препознае рутината според која ги темпирате оброците, се приспособува на тие услови и полесно ги гори калориите.
Сепак, голем дел од групата која доручкуваше порано а вечераше подоцна изјави дека иако резултатите се одлични, сепак не би можеле да продолжат со тој режим на исхрана, бидејќи немаат секогаш време за да ги почитуваат временските рокови за оброците.