Ролат од кашкавал

Подгответе вкусен ролат од кашкавал.

 

Состојки:

300 грама кашкавал

200 грама крем сирење

100 грама кисели краставички

100 грама шунка

50 грама мајонез

Подготовка:

Во тавка од рерна ставете хартија за печење, потоа наредете ги листовите кашкавал, така што секое парче преклопува по еден сантиметар врз другото парче кашкавал. Ставете ја тавката во загреана рерна на 100 степени 7-8 минути.Откако ке ја извадите тавката од рерна извадете го кашкавалот со хартијата на работната маса, за малку да излади.

Во сад ставете крем сирење, исечкани кисели краставички, исечкана шунка и мајонез, па се добро измешајте. Вака подготвениот фил премачкајте го врз кашкавалот, а потоа кашкавалот заедно со хартијата завиткајте го во ролат.

Оставете го ролатот 2-3 часа во ладилник добро да се излади, па потоа исечете на парчиња и послужете.

Треба да знаете
Последни објави