Се монтира бројчаникот на триумфална порта
Во моментов пред триумфалната порта во Скопје во тек се подготовки за поставување на бројчаникот кој го најави премиерот Зоран Заев.
Во предизборието за предвремените парламентарни избори (декември 2016), Заев на партискиот митинг во скопската Аеродром вети дека украдените народни пари ќе бидат вратени назад во буџетот и дека тоа ќе го регистрира бројчаник поставен на „Порта Македонија“ во Скопје.