Во пожар што избувнал попладнево делумно изгорела куќа на улицата 1, во Маџари.
Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје информира дека добиле повеќе телефонски дојави за пожаротво куќа во близина на стадионот „Борис Трајковски“ по што веднаш било интеревенирано.
Противпожарната бригада интервенирала со десет пожарникари и четири возила.
Од првичниот увид, биле опожарени околу 50 метри квадратни од куќата, материјалната штета е проценета на околу 100.000 денари.