Прилепчанец почина откако му се слошило додека стоел на брегот на Охридското Езеро

Прилепчанец починал вчера околу 10:30 часот откако му се слошило додека стоел непосредно до брегот на Охридското Езеро. 

Седумдесет и осумгодишниот М.М. паднал во водата, а од присутните граѓани бил изваден и му била укажана помош. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде е констатирана смрт.

Извршен е увид на местото на несреќата.

Треба да знаете
Последни објави