Со спреј за спиење ограбени четири македонски семејства во Грција
Во Грција во вила во која биле сместени македонски семејства била извршена кражба на познат стар начин со спреј за спиење.
-Си спиевме ноќеска во соба сабајле станувако сите пари од новчани ги нема друго се на место. Пријавивме на газдарицата превртува очи као не е изненадена и уште не обвинува дека сме ги изгубиле на плажа. После саат време доаѓаат уште 5 соби пријавуваат дека се ограбени. Сите исто кога си легнале со заклучени врати, пишуваат дел од жртвите на кражбата, објави Досие.
Интересно е што крадците зеле само пари иако имало и златен накит.
Овој начин на крадење е познат во Грција од поодамна. И полицијата знае, но никој ништо не може да стори. Кога ќе заспијат гостите, вештите крадци под вратата им прскаат посебен спреј кој ги доведува во длабок сон и ништо ни слушаат ни чувствуваат. Тие слободно оперираат и крадат само пари.