Храна која е вкусна, а полна со протеини

Протеините се како градежни блокови за нашите органи, мускули, кожа, хормони и речиси се што е дел од нашето тело. Токму поради тоа е важно да се консумира храна богата со протеини во секој оброк.

 

Магазин објави листа од неколку намирници кои се богати со протеини, но притоа се и многу вкусни.

Јајца

Ова е една од најздравите намирници на светот и е полна со здрави состојки. Јајцата покрај тоа што се голем извор на протеини, тие содржат и витамини, минерали, здрави масти и антиоксиданси кои се добри за видот и хранливи состојки кои се добри за мозокот.

Бадеми

Содржат влакна, витамини, манган и магнезиум.

Сирење

Покрај тоа што содржи малку масти и калории, сирењето е полно со калциум, фосфор, селен, витамини Б12 и Б2, но и други хранливи состојки.

Млеко

Ако сакате да пиете млеко, тоа може да биде одличен извор на протеини за вас. Ги содржи речиси сите состојки кои му се потребни на човечкото тело, а посебно има голема количина на калциум, фосфор и Б12 витамини.

Брокула

Овој неверојатно здрав зеленчук содржи многу Ц и К витамини, како и влакна и калиум. Се верува дека неговите биоактивни состојки штитат од рак.

Риба

Рибата содржи многу мал процент на масти и калории, а многу протеини.

Кикирики

Неверојатно се вкусни, а содржат многу протеини, влакна, магнезиум и помагаат во губењето на килограми.

Треба да знаете
Последни објави