Експремиерот Никола Греувски, денеска, на својот 48. роденден (31. 8. 1970 година), во Апелациониот суд во Скопје треба да му објасни на петчлениот судиски совет кои се неговите жалбени основи за пресудата за набавката на есктралуксузниот „мерцедес“.
Советот, кој ќе одлучува во Апелациониот суд, е во состав: Цветанка Периќ, претседателка на советот, која беше кандидатка за Врховниот суд, судија известител е новоизбраната судијка во скопска Апелација, Тања Милева, а членови се судиите Тања Дуковска, Лидија Чачева и Енвер Беџети. Пресудата за „мерцедесот“ на кривичниот суд е напишана на над 200 страници.
Поради неусогласеност на термините за судење, вчера судот ја одложи за денеска јавната седница по жалбата на Никола Груевски и Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“ за набавка на блиндираниот „мерцедес“ кога на седницата не се појавија Груевски и неговите четворица адвокати поради ангжаман на други судења.