Метаболизмот со тек на годините забавува, па токму поради тоа секоја година во просек сме потешки за 500 грама.
За да ја спречите оваа појава, важно е да се грижите за вашето здравје, a особено за исхраната. Доколку сакате да ја одржувате својата тежина, потрудете се да ги правите следните работи:
1. Редовно консумирајте чај
Билните чаеви особено се препорачуваат за луѓето кои сакаат да ја регулираат својата телесна тежина. Зелениот чај изобилува со позитивни својства, антиоксиданси и кофеин кои помагаат во топењето на масните наслаги.
2. Пијте повеќе вода
Познато е дека водата благотворно влијае врз организмот, а една германска студија покажала дека само две чаши вода го забрзуваат метаболизмот за 30 проценти во рок од десет минути, а ефектот трае околу еден час.
3. Хранете се паметно
Трудете се со секој појадок да изедете и некое овошје, а зеленчукот задолжително конзумирајте го за ручек и вечера.
4. Јадете свежа и необработена храна
Истражувањето e спроведено и покажало дека луѓето кои покрај месо и готвени јадења, секојдневно конзумираат и свежа храна ги согоруваат дури за 50 проценти побрзо калориите од оние кои исхраната ја базираат на готови и преработени намирници.
5. Консумирајте мешунки
Грав, леблебии, леќа, грашок, боранија и другите мешунки позитивно влијаат врз метаболизмот, го забрзуваат согорувањето на калориите, штитат од болести на срцето и дијабетес тип два и го намалуваат холестеролот.
6. Пред тренинг испијте кафе
Познато е дека физичката активност го забрзува метаболизмот, но доколку пред тренингот испиете една шолја црно кафе, ќе согорите дури 15 проценти повеќе калории