Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутрината во југозападна Македонија.
Сеизмолошката опсерваторија во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е во соседна Грција. Земјотресот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала и е регистриран во 09:12 часот.