Судскиот совет по барање на одбраната одлучува дали повторно да ја одложи седницата на Апелациониот суд на која се одлучува по жалбите на обвинетите за случајот „Тенк“. Првообвинетиот во овој предмет, Ѓоко Поповски, беше осуден на 6 и пол години затвор додека пак експремиерот, Никола Груевски, доби 2 години затворска казна.
Како причина за одложувањето се наведени семејните обврски на бранителот на Груевски, Боро Тасевски, кој е отсутен.
Судскиот совет ја отстрани јавноста и двете страни од судницата поради консултација.
Вчера судскиот совет почна и веднаш се одложи јавната седница, поради неприсуството на осудениот Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на кривичниот совет, Цветанка Перишиќ, уредно го известиле судот дека денеска ќе приствуваат на рочиштето во Кривичниот суд Скопје за предметот на СЈО „Насилство во центар“, во кое Груевски, исто така, е обвинет.
Експремиерот Никола Греувски, денеска, на својот 48. роденден, во Апелациониот суд во Скопје треба да му објасни на петчлениот судиски совет кои се неговите жалбени основи за пресудата за набавката на есктралуксузниот „мерцедес“ од 600 000 евра.