Во предметот за масовното прислушување СЈО предложило над 100 сведоци, а оштетени се над 300 лица. Меѓу нив ќе сведочи и премиерот Зоран Заев.
Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска во завршните зборови го цитираше Џорџ Орвел кој рекол: ,,Моќта да делуваме и избираме е единствената моќ која ја поседуваме”. Обвинителката се осврна и на уништувањето на системите за прислушување, кое се одвивало во 2 фази.
,,На граѓаните со ова судење ќе им ја вратиме довербата дека никој не смее да ја злоупотреби службената положба и овластување, без оглед на функцијата и моќта”, рече Ристоска.
По паузата следуваат воведните говори на обвинетите во предметот за масовното прислушување.