Подгответе вкусни и брзи чоколадни мафини.
Состојки:
200 грама чоколада за готвење
150 грама маргарин
125 грама шеќер
80 грама брашно
4 јајца
1 прашок за печење
Подготовка:
Во тенџере на оган растопете ги чоколадата и маргаринот и оставете ги да се изладат. Во друг сад изматете 4 белки, потоа додадете ги шеќерот и жолчките.
Откако смесата ќе стане пенеста додадете ги брашното, чоколадата со растопениот маргарин и прашокот за печење. Се добро измешајте, за да може целата смеса добро да се соедини.
Вака подготвената смеса ставете ја во калапи за мафини, печете 20 минути во загреана рерна на 180 степени.