Заменик секретарот на ВМРО ДПМНЕ Богојески повика масовно да се гласа на референдумот
Големо мнозинство од членството на ВМРО-ДПМНЕ сака Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО, вели во интервју за Канал 5, заменик генералниот секретар Петар Богојески.
Тој изјави дека 85 проценти од членството на ВМРО ДПМНЕ е за ЕУ и НАТО, и затоа треба да се излезе и да се гласа на референдумот.
Тој е дел од т.н. Реформаторско крило на партијата и пред неколку месеци беше избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ. Богојески ги повикува членовите масовно да се излезат на референудмот и да го кажат своето мислење за договорот.
Богојески рече дека ВМРО ДПМНЕ ги напушти поитиките на ниски страсти и застапува државнички ставови.
Референдумот како идеја е проект на ВМРО ДПМНЕ, ние го проектиравме пред десет години и ние не остапуваме од тоа.
Во таа насока граѓаните треба да излезат масовно и да гласаат. Како ќе се определат граѓаните, тоа е лично право, рече Богојески.
Богојески изјави дека имаат одлична соработка со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и дека се во секојдневна комуникација.