Полициска акција:Автобуси возат со неисправни кочници, возила исклучени од јавен превоз
Полицијата информира дека вчера во периодот од 10 до 14 часот, од страна на одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, била спроведена акциска контрола за откривање и санкционирање прекршоци во поглед на техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници.
При акциската контрола контролирани се 110 автобуси и други возила што вршат јавен превоз. При контролите констатирани се неправилности: неисправен уред за кочење, неисправни светлосно-сигнални уреди, неисправен уред за управување, непродолжена регистрација и недостатоци на опрема. 25 возила, кои вршат јавен превоз на патници, се упатени во станица за технички преглед на дополнителни проверки. Преземени се 33 мерки за сторени прекршоци, односно издадени се 15 прекршочни платни налози, 12 возила се исклучени од сообраќај и поднесени се шест барања за поведување прекршочна постапка.