Штип вечерва беше на нозе ЗА европска Македонија!
Исправени сме пред историски важна одлука. Но, знам и верувам дека Македонија ќе успее!
На 30-ти септември ќе обезбедиме сигурна иднина за нас и нашите деца. Граѓаните на Македонија секогаш носеле мудри одлуки во важните моменти од историјата. Се изборивме за слобода, избравме независност – сега е време да избереме иднина! Штип вечерва беше на нозе ЗА европска Македонија! Јас верувам дека Штипјани масовно ќе го поддржат референдумот, бидејќи Македонија нема друг пат. Гордо, како Македонци одиме напред во НАТО и ЕУ рече Заев од Штип.