Мицкоски: Ако водам-следетеме, ако се двоумам-поттурнетеме, ако ве предадам-убијте ме!

Мицкоски: Ако водам-следетеме, ако се двоумам-поттурнетеме, ако ве предадам-убијте ме!

Лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека за националните прашања треба да решат граѓаните, а не политичките елити. Иако од протестниот марш во Кичево се очекуваше да и се стави крај на дилемата како ќе постапи партијата во врска со претстојниот референдум, Мицкоски реторички праша – кој е тој да му кажува на народот како да постапи.

На сцената на која освен државното беа поставени и европското и партиско знаме, Мицкоски изјави дека тие се за ЕУ и НАТО, но против договорот со Грција. Тој повтори дека договорот е штетен за земјата и за македонскиот идентитет и ја обвини владата дека манипулира со проевропското расположение на граѓаните и се обидува да го покрие криминалот со лаги за иднината.

Мицкоски неколкупати рече дека има јасен план и визија, дека само ВМРО-ДПМНЕ може да биде носител на прогресивни процеси и ги повика граѓаните да се фокусираат на економската благосостојба при одлучувањето за идната влада. Говорот го заврши со цитат кој завршува со зборовите: Ако ве предадам, убијте ме!

https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1064236433751815/

 

Треба да знаете
Последни објави