Груевски во 2008 година се согласил на Република Северна Македонија!
Досега таен документ од „Викиликс“ од 2008 година открива дека Македонија се согласила да го промени името на државата во Република Северна Македонија, пишуваат грчки медиуми.
Според документот „Тоа што е потребно за Македонија да го реши спорот со името“ од 29 јули 2008 година и кој бил зачуван од тогашната американска амбасадорка во земјава, Џилиен Миловановиќ, Македонија била расположена да прифати име Република Северна Македонија, под услов тоа да вклучува признавање на „македонски“ јазик и националност.
„Амбасадата на САД во Скопје оценува дека македонската влада е подготвена, поради отворање на патот во НАТО и членство во ЕУ, да се согласи на име Република Северна Македонја во сите меѓународни организации“, се наведува во документот на американската амбасада во Македонијa, пишува Б92.
Црвената линија е, се заклучува во документот, тоа што на Македонија и е потребна гаранција дека нивниот јазик, националност и останатото ќе продолжи да се нарекува „македонски“, а не „северно-македонски“.