Заев од Пехчево: Исправени сме да носиме важни одлуки за сегашните и идните генерации

Заев од Пехчево: Исправени сме да носиме важни одлуки за сегашните и идните генерации

Премиерот Зоран Заев, кој е и лидер на СДСМ, вечерва на трибина во Пехчево истакна дека како нација сме исправени да носиме важни одлуки за сегашните и за идните генерации.

– Конечно после 27 години имаме покана за членство во НАТО, испорачана ни ја дадоа на рака. Сега зависи од нас дали ќе го поминеме тој скрининг процес. По референдумот кој е пред нас при крајот на 2019 година очекуваме полноправно членство на Македонија во НАТО – рече Заев, додавајќи дека престојниот референдум е подеднакво важен како оној од 1991 година кога граѓаните одлучуваат за независноста на државата.

Осврнувајќи се на бенефитите од влегувањето во Европската унија, Заев рече дека најдобрата придобивка е создавањето на економски амбиент во кој ќе биде вреднуван животот за живеење дома.

– Растот на економијата, кој е очигледен со последните статистики, нема да биде доволен за Македонија. На Македонија и треба квантен скок ако сакаме младите да остануваат овде и да не заминуваат надвор од државата – истакна Заев.

Трибината на коалицијата „За европска Македонија“ се одржа во Домот на културата во Пехчево.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/263958124473545/

 

Треба да знаете
Последни објави