Меркел во сабота доаѓа во Скопје

Канцеларката Ангела Меркел во сабота ќе оствари посета на Скопје, соопшти пред малку нејзиниот портпарол Штефен Зајберт, објави грчка новинска агенција.

Во кусиот текст, агенцијата пренесува изјава на портпаролот на канцеларката, кој вели дека Меркел сака на самото место да формира впечаток во пресрет на референдумот.

– Уште се работи на програмата, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, изјави Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатерални теми“, додека пак госпоѓата Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, пренесува грчката новинска агенција.

Треба да знаете
Последни објави