Најдобри билки за ослободување од заморот и летаргијата

Во текот на топлите летни денови, заморот е поголем, а енергијата се помала. Иако летните месеци завршуваат, сепак заморот останува и потребно ни е „полнење на батериите“. Природните билки се најдобар начин за тоа.

Хибискус

Ладен чај од хибискус е одличен за освежување и победат на заморот. Тој е богат со антиоксиданти и витамин Ц, со тоа што истовремено ја прави кожата поубава и ни помага во хидратацијата.

Маточина

Билката со најдобар мирис и најнежен вкус е маточината. Таа  помага за намалување на напнатоста и подобрување на расположението. Често се користи за намалување на ефектите од депресија, а во лето нејзиниот мирис и вкус се одлични за ослободување од заморот и стресот.

Нане

Ледениот чај од нане е уште еден начин за победа на за сезонскиот замор. Нането е витален стиумалант, што ги намалува заморот и летаргијата. Освен тоа, оваа билка има и одличен диуретски ефект и е одличен избор за лето. Еден начин е и да го ставите чајот од нане во коцки мраз, а потоа да ги додадете во водата што ја пиете.

Босилек

Тој припаѓа на фамилијата на нане, но има малку поинаков и потежок вкус и мирис од нането. Сепак, тој е одлична билка за освежување во текот на летниот период и победа на заморот. Има одличен вкус доколку се комбинира со зелен чај или ѓумбир. Тој е поинаков од нането бидејќи има бенефити и за подобрување на когнитивните функции и меморијата и на тој начин му помага на нашиот мозок да се одмори и опорави од летаргијата.

Лаванда

Познати ни се ефектите на лавандата во релаксацијата која ја нуди нејзиниот мирис. Таа е една од најдобрите билки за победа на летаргијата и заморот. Таа ги подобрува и меморијата и фокусот и ги подобрува функциите на мозокот. Можете да направите обична лимонада во која ќе додадете малку лаванда. Тоа е одличен летен пијалок.

Треба да знаете
Последни објави