Во кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Тортура” на специјалното јавно обвинителство. На денешното рочиште сведочи оштетениот Љубе Бошкоски. Тој сведочеше дека на 6 јуни 2011 година го повикал човек кого го сметал за пријател во ресторан, заштитен сведок во случајот „Кампања”.
„Со мене имав кесичка со пари кои никогаш не ги броев и не ги гледав иако беа изложени пред мене. Само што тргнав кон автомобилот, некој извика Стој! Полиција. Јас во шок ја фрлив кесичката со пари и застанав во место”, сведочеше Бошкоски. Тој рече дека тогаш дотрчале полицајци со и без фантомки, го однеле до автомобилот и му ги рашириле рацете.
„Почнаа да ме претресуваат. Се собра поголема група полицајци. Почнаа потоа да викаат: Легнете го на земја ѓубрето! Пичка му материна! Легнете ги и двајцата, ѓубриња предавнички”, рече Бошкоски. Тиј додаде дека во, како што рече, политичкиот реваншизам и омраза не се штеделе вулгарни зборови и пцости.