На продолжението од судењето за предметот на СЈО, „Тортура” за апсењето на Љубе Бошкоски, прашања му поставуваат адвокатите на обвинетите.
Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, го праша оштетениот Бошкоски, дали како поранешен министер за внатрешни работи, ја има прочитано уредбата на полицијата за апсење осомничени за кривични дела.
Бошкоски го праша Шврговски, кој за време на апсењето во 2011 година, беше републички јавен обвинител: ,,А дали вие ја знаевте наредбата за апсење”?. Бошкоски побара да не го прашуваат, како што рече, глупости и да му поставуваат нормални прашања.
Бошкоски рече дека видеото од неговото апсење се’ уште го има поставено.
Претходно Бошкоски во судницата ги препозна обвинетите „алфи” Ивица Анчевски Пуки, и Новица Станковски.