Во 04,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена 52-годишната П.В. од Скопје со убодна рана во пределот на стомакот.
Од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности и утврдено било дека на 02.09.2018 година околу 20 часот на улицата „Виничка“ при семејна расправија со нејзиниот сопруг, 64-годишниот Б.А. со нож и нанел повреди.
Потоа со приватно возило ја однел П.В. во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде веднаш бил извршен оперативен зафат.
Осомничениот е приведен и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.