Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 14 до 24 часот спроведе акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.
Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници привремено се задржани 35 мотоцикли, поради сомнение за техничка неисправност и издувни уреди кои ствараат бучавост поголема од дозволената.
По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 39 мерки за сторени сообраќајни прекршоци од страна на мотоциклистите. За констатираните прекршоци издадени се 15 мандатни платни налози и 24 прекршочни платни налози.