Кристијано Роналдо Јуниор, синот на истоимениот популарен португалски напаѓач, нема проблеми со реализацијата како неговиот татко, на почетокот од новата сезона во дресот на Јувентус.
Имено, Роналдо Јуниор во дебитантскиот меч за младиот тим на Јуве до 9 години успеа да постигна четири погодоци, во победата на Јуве од 5:1 против Лусента.
Од друга страна, најдобриот светски фудбалер нема почетокот од соништата во екипата на која и се приклучи ова лето.
Имено, Роналдо се уште чека на својот прв гол во дресот на Старата Дама, а треба да се истакне дека Португалецот дава големи напори за да ја затресе противничката мрежа.
Засега упати вкупно 23 удари преку кои сакаше да го загрози голот на противничките екипи, но моментално може само да се радува на колективниот успех.
Инаку, тренерот на Јуве, Алегри, истакна дека е задоволен од придонесот на Роналдо во овој тим на Јувентус засега.