МВР потврди: Ќерката е осомничена за убиство на родителите и помалата сестра во Дебар
Постарата ќерка Б. Поцеста е осомничена дека ги убила нејзините родители и помалата сестра во Дебар.
Од МВР информираат дека до Основното јавно обвинителство во врска со убиството на Агим Поцеста (54), Назмие Поцеста (53) и нивната 14-годишна ќерка Анила во Дебар е поднесена кривична пријава против Б.П. (28) од Дебар поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство“, како и против Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар за помагање. Тројцата се приведени, а судија им одреди притвор во траење од 48 часа.
Неофицијално, постарата ќерка од семејството Поцеста го извршила убиството, но засега не се знаат мотивите. Неофицијално кога ги убила заминала за Италија, а ден подоцна повторно се вратила за погребот. Убиството се случи минатата недела.