РКЕ денеска по две недели од последната цена, определи нови цени на бензините.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,33%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 20.08.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 20.08.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,951 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 20.08.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,004 ден/кг.