Груевски: Се врши груб политички притисок за мое брзо затварање
Никола Груевски и неговите адвокати нема да се појават на утрешната јавна седница на Апелациски суд, во знак на протест заради , според него, политичкиот процес против него.
Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, од прес салата на Собрание на РМ, изјави дека В.Д. претседателката на Апелациски суд врши притисок врз судиите да ја потврдат првостепената одлука на Основен суд Скопје 1, за предметот ,Тенк“ во кој тој е осуден на двегодишна затворска казна.
Груевски тврди дека се врши груб политички притисок за негово брзо затвиорање во затвор.
Груевски се закани дека кога сето ова ќе помине и кога народот ќе си ја врати власта во свои раце, ќе се преиспитаат сите овие судски процеси, а секој што подлегнал под политички притисок – ќе одговара.
,,Мислите дека вака ќе ме елиминирате? Се лажете , само ќе ме направите посилен“ им порача на нарачателите на неговиот политички прогон, како што рече.
,,Јас сум политичко прогонувано лице“-рече Никола Груевски.